Останато

Ѓорческа го предаде мечот во второто коло на W75 турнирот во Лајпциг

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Лајпциг, Германија, откако го предаде мечот од второто коло против чешката тенисерка Алена Ковацкова. Натпреварот заврши при водство на Ковацкова од 1-0 во сетови и 2:1 во гемови во вториот сет.

Ковацкова убедливо го освои првиот сет со 6:1, откако поведе со 5:0. Ѓорческа подобро го започна вториот сет и по долга борба, во која беа одиграни 14 поени, го освои првиот гем за 1:0. Сепак, Чехинката ги освои следните два гема за пресврт и водство од 2:1, по што македонската тенисерка го предаде мечот.

За Ѓорческа ова беше втор меч на турнирот во Лајпциг, откако во првото коло ја совлада Украинката Анастасија Фирман со 2:1 во сетови.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на турнирот во Куршумлијска Бања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на „Цвај арената“, двете екипи одиграа 2:2 во натпревар од 4. коло...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива Паланка со убедливи 4:0 во натпревар од четвртата рунда на Трета...

Поврзани написи
Останато

Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица 47&72

ОК Струмица 47&72 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Останато

Претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ доаѓа во Скопје да ги обучува македонските одбојкарски судии

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Судиската комисија...

Останато

ОК Струмица 47&72 го претстави американскиот одбојкар Тајлер Трип

ОК Струмица 47&72 го промовираше своето ново засилување за сезоната 2026/27. Станува...

Останато

Десет екипи, ист систем и Шкендија Волеј како дебитант во Втората лига жени

Втората лига жени во сезоната 2026/2027 ќе брои десет екипи, осум „староседелци“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!