Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Сподели
Сподели

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар од 4. коло на Трета лига регион 5.

Влазними на домашен терен со 2:1 го доби Демир Хисар на крилата на Аљтин Лога кој постигна два гола, а за гостинот во 64. минута гол даде Стевче Ангелевски.

Голем дебакл за кичевски Напредок, кој загуби со убедливи 4:0 од Могила. Домаќинот одигра одличен натпревар, откако Мики Талевски го отвори резултатот за 1:0, на полувреме, а во вториот дел погодија Андреј Петровски, Андреј Ристевски и Дарио Бендеровски.

Кравари доживеа пораз на домашен терен откако загуби од Баир Спорт во меч кој понуди пет гола за конечни 2:3. Хакан Алимовски во 25. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот од 1:0, а до крајот на првиот дел Филип Стојковски и Никола Лаковски обезбедија пресврт од 1:2.

Во вториот дел Лука Лаковски во 63. минута обезбеди предност од 1:3, а конечни 2:3 ги постави Алимовски со втор гол во 85. минута.



Караорман го доби соочување со Света Троица, стружани беа подобри од Охриѓани во гости со 2:3. Првиот дел понуди два гола, а домаќинот преку Дарко Цветаноски во 22. минута имаше 1:0, а во 44. минута Давид Карамачоски погоди за 2:2.

Во вториот дел се случи комплетен пресврт за водство на Караорман од 1:3, откако Лука Богдановски и Ангел Крстески постигнаа погодоци, а пак домашниот состав преку Бобан Кузмановски во 73. минута ги постави конечните 2:3.



Вчера, Влазерими славеше над Крошу Спорт, извештајот на Спортска Мрежа за овој меч е достапен овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 со убедлива победа над Панама го отвори Светското првенство во Баку

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори настапот на Светското првенство во форматот 7+1, кое се одржува во Баку,...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди својата доминација во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. По триумфот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Козјак

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено денес во Крива...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа за БВК Коњаре, Ржаничино до три бода преку пресврт

БВК Коњаре со убедлива победа го отвори 7. коло во Трета лига...

Прва лигаФудбал

ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни

Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ,...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум убедлива против Скопје, Шкендија и Вардар ремизираа во дербито во Гостивар

Струга Трим Лум забележа убедлива победа од 4-0 над Скопје во првиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!