ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Шкендија остана без реми во самиот финиш, Хибернијан со минимална предност доаѓа на реваншот во Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели



Македонскиот вицешампион Шкендија ќе има активен резултат пред реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига, откако на гостувањето во Единбург загуби со 2-1 од Хибернијан. Тетовци беа на чекор да се вратат со реми, но шкотскиот состав до победата стигна во судиското продолжение.

Избраниците на Артим Положани одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, особено во првото полувреме кога успешно ги неутрализираа нападите на домаќинот. Хибернијан имаше повеќе посед на топката и иницијатива, но Шкендија организирано се бранеше и не дозволуваше сериозни закани кон својот гол.

Во продолжението домашниот тим го засили притисокот, а отпорот на Шкендија беше скршен во 73. минута. Рајт продре по левата страна и испрати употреблива топка во казнениот простор, каде Елдинг од прва ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Македонскиот претставник експресно возврати. Само три минути подоцна, резервистите ја одиграа клучната улога – по одличната асистенција, Марко Ѓорѓиевски уште еднаш покажа дека знае да погодува во важни моменти и донесе израмнување на 1-1, враќајќи ја Шкендија во игра за поволен резултат.

Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши без победник, Хибернијан стигна до триумф. По изведен корнер во судиското продолжение, топката по мешаница во шеснаесетникот стигна до О’Хора, кој од непосредна близина ја испрати во мрежата за конечни 2-1.

И покрај болниот пораз во самиот финиш, Шкендија останува со реални шанси за пласман во плеј-офот. Минималната негатива остава простор за пресврт, а реваншот на арената „Тодор Проески“ ќе биде нова можност тетовци пред својата публика да ја надоместат разликата и да продолжат во европската авантура. Победникот од двомечот ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Гетеборг и Гент.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива Паланка со убедливи 4:0 во натпревар од четвртата рунда на Трета...

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч...

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!