Останато

Приходко поразен во финалето на ИТФ турнирот во Полска

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко не успеа да стигне до титулата на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин, кој се играше за награден фонд од 30.000 долари. Во финалниот дуел беше поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (6:1, 7:5), по 68 минути игра.

Првиот сет започна добро за Приходко, кој поведе со 1:0 во гемови, но Переира потоа целосно ја презеде контролата и со серија од шест последователни гема стигна до водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет се водеше далеку поизрамнета борба. Двајцата тенисери успешно ги чуваа своите сервиси сè до последниот, 12. гем, кога Португалецот направи клучен брејк и со 7:5 го затвори мечот во своја корист.

До пласманот во финалето, Приходко оствари четири убедливи настапи. Во првото коло го елиминира Италијанецот Лоренцо Берто, потоа беше подобар од Полјакот Адам Мајчрзак, во четвртфиналето по три сета го совлада Шпанецот Иманол Лопез Мориљо, а во полуфиналето го изненади првиот носител Даниел Михалски со сигурни 6:1 и 6:4.

Следен предизвик за македонскиот тенисер ќе биде ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, каде ќе настапи следната недела.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!