Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Арис даде зелено светло за Ненад Димитријевиќ пред стартот на квалификациите

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија со задоволство ја поздрави официјалната одлука на КК Арис од Солун, со која грчкиот клуб потврди дека нема да има пречки Ненад Димитријевиќ да биде на располагање на македонската репрезентација од 16 август 2026 година.

Од Арис му посакаа успех на македонскиот национален тим, а овој потег претставува пример за спортска коректност и почит кон репрезентативните обврски. КФСМ упати благодарност до раководството на клубот за ваквиот став.

Со ова практично се надминати сите дилеми околу можните пречки поврзани со клупските обврски на еден од најдобрите македонски кошаркари.

Ова е позитивна вест за македонската кошарка и за навивачите кои сакаат репрезентацијата да настапи во најсилниот состав. Сега вниманието е насочено кон списокот на селекторот и кон одлуката на самиот Ненад Димитријевиќ дали ќе одговори на повикот.

Од Федерацијата веруваат дека Димитријевиќ повторно ќе го облече дресот со државниот грб, бидејќи настапот за Македонија претставува чест и голема одговорност.

На крајот на август македонската репрезентација ја очекува важен гостински натпревар против Австрија, со кој ќе го започне новиот претквалификациски циклус. Во такви моменти, присуството на најдобрите кошаркари е од огромно значење за остварување на зацртаните цели.

Кошаркарската федерација на Македонија продолжува да работи на создавање позитивна атмосфера околу националниот тим и верува дека сите репрезентативци, без разлика каде настапуваат, ја препознаваат важноста на дресот со државниот грб.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!