Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Шапе го собра тимот: Македонија подготвена за Зонските квалификации во Бугарија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години ја очекува исклучително силна конкуренција на Зонските квалификации за Европското првенство 2027, кои од 25 до 29 август ќе се одржат во Софија, Бугарија.

По одлуката на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) селекциите на Русија и Белорусија повторно да настапуваат во рамките на БВА Балканските шампионати, кои воедно служат и како Зонски квалификации, македонските надежи ќе се соочат со едни од најсилните репрезентации во регионот – Бугарија, Србија, Турција, Русија и Белорусија.

За разлика од женскиот турнир, каде што се игра по групи, машката конкуренција ќе се натпреварува по системот „секој со секого“.

Македонија настапот ќе го отвори на 25 август со дуел против домаќинот Бугарија, кој започнува во 17:30 часот. Ден подоцна, во истиот термин од 15:00 часот, следува пресметка со Белорусија, а на 27 август нашите одбојкари ќе играат против Србија. На 28 август, со почеток во 20:00 часот, ќе се сретнат со Русија, додека последниот натпревар ќе го одиграат на 29 август од 17:30 часот против Турција.

Подготовките за квалификациите започнуваат на 5 август во Крушево. Селекторот Јован Шапе и неговиот асистент Миодраг Новески повикаа 18 перспективни одбојкари, кои доаѓаат од девет македонски клубови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!