Кошарка

Боро Атанасовски е нов претседател на КК Маџари – вицешампионот со големи амбиции

Сподели
ФОТО: КК Маџари
Сподели

Кошаркарскиот суперлигаш и актуелен вицешампион на Македонија, КК Маџари, започнува ново поглавје во своето функционирање. Клубот официјално го назначи Боро Атанасовски за нов претседател, откако Управниот одбор му ја довери оваа значајна функција.

Атанасовски е успешен стопанственик и поранешен фудбалер на ФК Маџари, а со години активно го поддржува развојот на спортот и спортските колективи. Во клубот веруваат дека неговото искуство, визија и посветеност ќе придонесат за понатамошниот напредок на Маџари.

Од КК Маџари истакнуваат дека особено ги радува фактот што Атанасовски го препознал потенцијалот на клубот и ја прифатил одговорноста да биде дел од неговата иднина во период исполнет со нови предизвици и високи цели.

Пред новиот претседател ќе стои задачата да го предводи клубот во новата сезона, во која Маџари повторно ќе се натпреварува во Супер лигата на Македонија, а паралелно ќе има настапи и на меѓународната сцена во АБА2 лигата.



Од таборот на вицешампионот изразија уверување дека со новото раководство ќе продолжат да испишуваат успешни страници во клупската историја и да остваруваат значајни резултати, како во домашните, така и во регионалните натпреварувања.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
Кошарка

Вардар убедлив против Гевгелија, МЗТ Скопје Аеродром до прва победа во сезоната

Вардар ја продолжи победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени,...

Кошарка

ТФТ сигурен против ГКК Штип за втора победа во МТЕЛ Суперлигата

Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа ГКК Штип...

Кошарка

МЗТ Скопје со пораз ја започна сезоната во АБА2-лигата

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, со пораз ја започна новата...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!