Кошарка

Вардар убедлив против Гевгелија, МЗТ Скопје Аеродром до прва победа во сезоната

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Вардар ја продолжи победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига за жени, додека МЗТ Скопје Аеродром го запиша првиот триумф во новата сезона. Двете екипи славеа убедливо во натпреварите од второто коло.

Кошаркарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и убедливо го совладаа новиот прволигаш Гевгелија со 96:62. Домашниот состав уште во првата четвртина поведе со 24:15, а на полувремето имаше високи 51:29. Во продолжението „вардарки“ ја задржаа контролата и рутински стигнаа до вториот сезонски триумф.

Во победничкиот состав дури пет кошаркарки имаа двоцифрен број поени. Послевска и Николиќ постигнаа по 19, Донмез заврши со 13, Зафировска со 11, а Б. Николиќ со 10 поени. Кај Гевгелија, Џагаровска беше најефикасна со 15 поени, додека Стојковска додаде 12.

МЗТ Скопје Аеродром стигна до првата победа во првенството, откако на домашен терен го надигра Патриот 2016 со 78:45.

Најзаслужна за убедливиот триумф беше Шекина Рејчел, која одигра одличен натпревар и забележа 32 поени и 18 скока. Значаен придонес имаше и Балабанова со 17 поени.

Во гостинскиот состав, Ангеловска Имаме и Рашова постигнаа по 11 поени. Ангеловска Имаме придодаде и 10 скока и три асистенции, додека Рашова натпреварот го заврши со пет скока.

Второто коло од женската кошаркарска елита продолжува со дуелот во Крива Паланка, каде што актуелниот шампион ќе го пречека Бадел 1862. Натпреварот е закажан за 18:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!