Турнири

Фреигхт Оне пресилен, Вергови мораше преку пенали, Вила Клепало победи за четвртфинале на „Ораовица 2026“

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни нови возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, каде Фреигхт Оне со високи 8:3 го декласираше тимот на Мена Транс и „завери билет“ за четвртфинале.

Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ со триумф од 3:0 над Изведен, а пак Вергови се мачеше и мораше преку пенали да бара карта за четвртфинале по 3:3 во регуларниот дел со тимот на Ефеџан Мечо, а потоа во пенал серијата (5:4) подобар беше составот на Вергови.

Последниот патник во четвртфиналето беше Вила Клепало по победата од 4:2 над Beauty Studio Steusy.

Утрешната програма нуди дерби натпревари од четвртфиналето, каде ќе се води борба за пласман во полуфиналето.

20 00 Фреигхт Оне – Црна Река
21:00 Тобако Јаков & Такси Бате ЗЦ – ФАФА Транспорт
22:00 Леон Транспорт – Вергови
23:00 Стиф Компани – Вила Клепало

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој годинава има јубилеј од 10 години.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!