Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ја совлада Шведска за прва победа на Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката јуниорска репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска, откако во директниот дуел за четвртото место во групата „Д“ ја совлада селекцијата на Шведска.

По трите порази во групната фаза, македонските јуниори покажаа карактер, борбеност и тимски дух кога беше најпотребно. Со заслужената победа изборија пласман во разигрувањето за позициите од 9. до 16. место.

Првото полувреме донесе изедначена игра, а Шведска на паузата замина со минимална предност од 31:30. Во продолжението, избраниците на стручниот штаб значително го подигнаа нивото на играта. Со агресивна одбрана, сигурен напад и голема енергија, Македонија целосно го презеде ритамот на натпреварот. Клучен беше третиот период, во кој нашите кошаркари создадоа предност што успешно ја зачуваа до самиот крај.

Во последната четвртина Македонија одигра зрело и дисциплинирано, не дозволувајќи им на Швеѓаните да се доближат резултатски. Така, сосема заслужено стигна до првиот триумф на шампионатот.

Капитенот Григориј Ѓорѓевиќ повторно беше предводник на тимот и беше на чекор до трипл-дабл учинок. Натпреварот го заврши со 17 поени, 11 асистенции и осум скока. Одличен придонес дадоа и Цветковски со 12 поени, Малиниќ со дабл-дабл од 11 поени и 10 скока, како и Данев, кој постигна 10 поени.

По денот за одмор, македонските јуниори ги продолжуваат настапите на Европското првенство во борбата за што подобар конечен пласман, со надеж дека ќе го задржат победничкиот ритам.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски пред дуелот со Швајцарија во септември: Тие се фаворити, но можеме да ги изненадиме!

Во ексклузивно интервју за Open-TV, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски изјави дека верува оти македонската репрезентација има квалитет да ѝ се спротивстави на Швајцарија...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера подобра на тестот со Истатов во Дојран

На новиот терен со вештачка трева во рамки на спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашите Истатов и Тиверија...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Алиоски пред дуелот со Швајцарија во септември: Тие се фаворити, но можеме да ги изненадиме!

Во ексклузивно интервју за Open-TV, македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски изјави дека верува...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки до 20 години ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2027

Женската репрезентација на Македонија до 20 години ги дозна противниците во групната...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија го дознаа распоредот за Медитеранските игри во Таранто

Македонската женска одбојкарска репрезентација го дозна распоредот за настапот на Медитеранските игри...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги стартуваа подготовките за Медитеранските игри во Таранто

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!