Кошарка

Американецот Ноа Фарахан потпиша за МЗТ Скопје

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

Дваесет и пет годишниот американскиот плејмејкер Ноа Фарахан (висок 185 см) и официјално е нов кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша договор со актуелниот македонски шампион.

Фарахан зад себе има успешна дебитантска сезона во Европа. Настапуваше за босанските Студент, Игокеа и Борац Бања Лука, а сезоната ја заврши во словачкиот прволигаш Комарно. Универзитетската кариера ја градеше во САД, настапувајќи за Источна Каролина, Вест Вирџинија и Хемптон Пајратс.

Минатото лето беше дел и од Летната НБА-лига, каде што одигра четири натпревари во дресот на Сан Антонио Спарс, дополнително потврдувајќи го својот квалитет и потенцијал.

Македонската кошаркарска јавност добро го памети неговото издание токму против МЗТ Скопје во АБА2 лигата, кога постигна 27 поени и запиша седум асистенции.

Фарахан е второто странско засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, по ангажманот на босанскиот центар Емир Крајиниќ. Под договор со клубот се и Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Андоноски, како и повратниците Лука Стојановски и Никола Василевски, додека на клупата и понатаму ќе седи Васко Атанасов.

Во сезоната 2026/27, МЗТ Скопје ќе се натпреварува во домашниот шампионат, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка...

Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!