РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација вчера го одржа првиот собир во пресрет на новиот циклус од Лигата на нации. Во рамките на сегментот Б, избраниците ќе одиграат четири натпревари против селекциите на Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Првиот натпревар е закажан за 26 септември во Скопје против Швајцарија, по што на 29 септември следува гостувањето кај Словенија. На 3 октомври Македонија повторно ќе биде домаќин, овојпат на Шкотска, додека циклусот ќе биде затворен со гостување кај Швајцарија на 6 октомври во Луцерн.

На првиот собир пристигнаа и фудбалерите кои за првпат добија повик во сениорската репрезентација. Во центарот на вниманието е 19-годишниот Матеј Гаштаров, кој зад себе има одличен период во дресот на Црвена звезда.

Младиот фудбалер успеа да се наметне во првиот тим на белградскиот клуб и да добие значајна минутажа, што му донесе и повик во најдобрата македонска селекција.

За Гаштаров, првиот повик во А репрезентацијата претставува исполнување на детскиот сон. Иако признава дека не очекувал шансата да дојде толку рано, 19-годишниот фудбалер на собирот пристигнува со голема мотивација, амбиција и желба да го оправда укажаното доверие.

„Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години. Очекувам да настапам и се надевам на позитивни резултати. Секако, одиме на победа без разлика кој е противникот. Имаме голема почит кон Швајцарија, Шкотска и Словенија, но нашиот тим има голем квалитет и одиме на победа. Ќе оставиме срце на терен, како што се очекува од овој дрес“, вели Гаштаров.

Неговиот период во Црвена звезда е исполнет со напорна работа, која му донесе место во стартниот состав.

„Многу работев и давав се од себе за да бидам во првиот состав на Црвена звезда. На крајот тоа дојде. Спремен сум да играм на повеќе позиции, тоа не ми е проблем. Како што ќе бара селекторот, така ќе исполнам се што се очекува од мене. Верувам во тоа што го работам. Дали очекував дека сето ова ќе се случи толку брзо? Можеби не, но секогаш сум спремен за ваков предизвик“, додава младиот репрезентативец.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Младинците подобри од кадетите: Македонија М20 славеше со 34:27 во контролниот натпревар против М18!

Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години (М20) забележа победа во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!