РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Таневски го објави списокот на играчи за завршните натпревари со Црна Гора и Шведска

Сподели
Сподели

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави поширокиот список на фудбалери за завршните два натпревари од актуелниот квалификациски циклус за Европското првенство. Македонија ќе се соочи со Црна Гора на 1. октомври во Битола и со Шведска на 5. октомври во Фалкенберг.

Пред двата квалификациски дуели, младата репрезентација ќе одигра и контролен натпревар против селекцијата на Русија до 20 години. Средбата е закажана за 28 септември во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Од поширокиот список, селекторот Таневски дополнително ќе го одреди составот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за последните два квалификациски натпревари.

Во завршницата од циклусот, покрај резултатскиот императив, фокусот ќе биде ставен и на создавање на основата за следната генерација на македонската репрезентација до 21 година. Таневски најавува можност поголем простор да добијат и помлади фудбалери, кои во иднина треба да ја преземат улогата во националниот тим.

„Со оглед на тоа што ни следат последните два натпревари од тековниот квалификациски циклус, сакаме да им дадеме простор и на помладите фудбалери, кои треба да бидат дел од следната генерација до 21 година. Секој натпревар за репрезентацијата мора да се игра со максимална одговорност, дисциплина и желба за резултат. Тоа не се менува без оглед на околностите и фазата во која се наоѓаме.

Во исто време, наша обврска е паралелно да градиме тим за иднината. Овие натпревари се добра можност да видиме на кои фудбалери можеме да сметаме во следниот квалификациски циклус и да им дадеме шанса да стекнат меѓународно искуство. Сакаме да создадеме здрава конкуренција и постепено да ја подготвиме следната генерација за предизвиците што ја очекуваат“, изјави Таневски.

Голмани: Џеков Љупче (Силекс), Вргов Славе (Брера), Димовски Натаниел (Пелистер), Филевски Никола (Брегалница);

Одбрана: Радевски Златко (Тетекс), Танчев Ѓорѓе (ФК Брера), Велков Андреј (Брегалница), Цветковски Филип (Вардар), Реџеп Мурати (Малишева, Косово), Атанасовски Лука (Тетекс), Мурати Адис (Башкими), Серафимов Давор (Скопје), Митрев Марио (Брера);

Среден ред: Тасовски Васил (Младост Лучани, Србија), Шаботиќ Емир (Детонит), Аризанковски Андреј (Шкендија), Николовски Теодор (Тиквеш), Ангелов Матеј (Брегалница), Масларов Илија (Лугано, Швајцарија), Тасев Даријан (Брегалница), Трпевски Лука (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Величковски Никола (Скендербег, Албанија), Ристовски Стефан (Башкими), Манојлов Никола (Силекс), Данев Димитар (Вардар), Арифи Салим (Митровица, Косово), Николовски Марко (Охрид), Љатифи Адмир (Осијек, Хрватска), Мехмед Аритон (Шкендија Арачиново), Хоџа Дитмир (Лидс, Англија), Куртиши Мухамед (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Џангаровски Мартин (Радник Сурдулица, Србија), Исламовиќ Фадил (Кустошија), Шириќ Иван (Брера).

Пред последните два натпревари, Македонија се наоѓа на 5. место во групата Е од квалификациите за Европското првенство 2027. По осум одиграни натпревари, Македонија има 6 бода. На врвот е Полска со 24 бода, пред Италија со 21, додека Црна Гора и Шведска имаат по 10 бода. На последното место е Ерменија без освоен бод.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!