ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Сподели
Сподели



Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло од женската Лига на шампионите – дуелот меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Средбата меѓу актуелните шампиони на Шпанија и Франција ќе се одигра на 22 септември во Мадрид, на стадионот „Алфредо Ди Стефано“, а Пројковска ќе биде главен судија на европското дерби.

Ова делегирање претставува уште една потврда за нејзиниот статус во европскиот фудбал. Пројковска е меѓу 20-те елитни женски судии кои се наоѓаат на листата на УЕФА, а довербата за ваков натпревар доаѓа по нејзиниот настап на неодамнешниот семинар во Женева, каде што беа присутни најдобрите европски судијки.

Македонската судијка нема да биде сама на „Алфредо Ди Стефано“. Во судиската екипа ќе биде и нејзината сонародничка Елена Соклевска-Илиевска, што е уште една потврда за големиот квалитет кој го има и Соклевска-Илиевска, која ќе асистира на Пројковска, додека асистент ќе биде и Дијана Варага Араја од Литванија. Улогата на четврта судијка ѝ припадна на Хрватката Сабина Болиќ, а контролор на судењето ќе биде Германката Кристина Батингер.

За Пројковска ова е уште едно значајно делегирање на највисоко европско ниво и можност повторно да биде дел од голем фудбалски спектакл. Дуелот во Мадрид носи големо внимание, а Пројковска ќе дели правда меѓу два европски гиганти, мечот се игра утре во 21 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!