Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што повеќе нема простор за калкулации – секој натпревар е елиминациски, а секој пораз значи „пакување куфери“ и крај на настапот, додека победниците ќе обезбедат место во четвртфиналето.

  • На програмата се пет интересни пресметки:

19:00 часот (пионери): MILD LEGACY – NIL – BOR

20:00 часот: ФАФА ТРАНСПОРТ – СЕРТА КОНЧЕ

21:00 часот: ЦРНА РЕКА – ИНТЕРПЛАСТ

22:00 часот: ЛЕОН ТРАНСПОРТ – ОЛИВЕР ПРОМЕТ

23:00 часот: STIFF COMPANY – ДАНИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГ

Љубителите на малиот фудбал можат да очекуваат неизвесни натпревари, голема борба и максимално залагање од сите екипи, бидејќи влогот е голем – пласман меѓу осумте најдобри на турнирот.

И оваа година Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот „Ораовица 2026“ и ќе продолжи навремено да ве информира за сите резултати, најинтересните моменти и случувањата од еден од најатрактивните летни турнири во мал фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!