Кошарка

КК Пелистер го претстави Коста Кириловски како трето засилување за новата сезона

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

КК Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот клуб е Коста Кириловски, еден од најперспективните млади македонски кошаркари.

Станува збор за високо крило кое потекнува од школата на Водно Санс, а во изминатите две сезони настапуваше за Игокеа и Кожув, каде што стекна значајно искуство во сениорска конкуренција.

Кириловски е стандарден член на младинските репрезентации на Македонија, а со своите настапи веќе се избори и за место на поширокиот список на сениорската репрезентација.

Со неговото доаѓање, Пелистер продолжува да го гради тимот за претстојната сезона, комбинирајќи млади и перспективни играчи со амбиција за успешен настап во домашните натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Кошарка

ТФТ бара прва победа во АБА 2, а Херцеговац оди по втор триумф

ТФТ Скопје денеска од 18 часот, му гостува на Херцеговац во второто...

Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!