Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија го дознаа распоредот за Медитеранските игри во Таранто

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската женска одбојкарска репрезентација го дозна распоредот за настапот на Медитеранските игри 2026, кои ќе се одржат во Таранто, Италија. По претходно одржаната ждрепка, на која беше одреден составот на групите, организаторот сега ги објави и термините за одигрување на натпреварите.

Македонија ќе настапува во групата Б, заедно со селекциите на Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А се Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Сите натпревари од групната фаза нашите одбојкарки ќе ги играат во салата „Паламазола“ во Таранто.

Избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ турнирот ќе го отворат на 20 август со дуел против Грција од 17:30 часот. Веќе следниот ден, исто така од 17:30 часот, Македонија ќе се соочи со Турција. На 22 август од 14:30 часот следува натпреварот против Алжир, а групната фаза ќе ја заврши на 23 август со меч против Косово, кој исто така започнува во 14:30 часот. Нашата репрезентација ќе биде слободна во последното коло од групната фаза.

Според пропозициите, двете најдобропласирани селекции од секоја група ќе обезбедат место во полуфиналето, кое ќе се игра на 25 август, додека финалето и натпреварот за третото место во женска конкуренција се закажани за 27 август.

Македонската делегација за Таранто ќе отпатува на 18 август, а ден подоцна ќе го одработи и официјалниот тренинг пред почетокот на натпреварувањата.

За македонските одбојкарки ова ќе биде втор настап во историјата на Медитеранските игри. Свеченото отворање на Игрите е закажано за 21 август на стадионот „Еразмо“ во Таранто, а спортската манифестација ќе трае до 3 септември.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација денеска го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Таневски го објави списокот на играчи за завршните натпревари со Црна Гора и Шведска

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави поширокиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!