Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги стартуваа подготовките за Медитеранските игри во Таранто

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје го одржа првиот собир, со што официјално ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри во Таранто.

Селекторот Милош Гавриловиќ, по дебитантскиот циклус на клупата на националниот тим, сега има појасна слика за составот со кој располага. Сепак, списокот за овој собир е изменет бидејќи дел од младите репрезентативки не се на располагање поради настапот со селекцијата до 20 години во зонските квалификации за Европското првенство 2027.

ФОТО: ОФМ

Македонските одбојкарки целокупните подготовки ќе ги реализираат во спортскиот центар „Форца“ во Скопје, а првиот тренинг е закажан за вечерва.

За Македонија ова ќе биде втор последователен настап на Медитеранските игри, откако репрезентацијата учествуваше и на изданието во Оран, Алжир во 2022 година.

ФОТО: ОФМ

На турнирот во Таранто, Македонија ќе игра во групата Б, заедно со репрезентациите на Турција, Грција, Алжир и Косово. Во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки...

Ракомет

Хрватски предизвик за Бутел: Горица на патот кон третото коло!

Бутел Скопје доби балкански противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На ждрепката во Виена беше одредено скопскиот состав да ги одмери...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација вчера го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!