ИнтернационалциФудбал

Дарко Чурлинов официјално е нов играч на Погон Шчечин

Сподели
ФОТО: Pogon Szczecin
Сподели

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов член на полскиот прволигаш Погон Шчечин. Двете страни потпишаа договор на две години, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач во Полска пристигнува со богато интернационално искуство стекнато настапувајќи во неколку силни европски првенства. Во текот на својата кариера ги носеше дресовите на германските Келн, Штутгарт и Шалке, англискиот Барнли, полската Јагелонија, а последен клуб му беше турскиот Кочаелиспор.

Чурлинов е стандарден македонски репрезентативец и со својата брзина, техника и офанзивни квалитети треба да претставува значително засилување за Погон Шчечин во новата сезона. Со овој трансфер тој повторно се враќа во полското првенство, каде претходно остави добар впечаток во дресот на Јагелонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!