Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во третото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое се одржува во Парма, Италија.

Митевска во второто коло ја совлада Тинкара Сеп од Словенија со 2-0 во сетови (6:2, 6:2), додека Алексовски беше подобар од Николас Шилц Солви од Луксембург со идентични 2-0 (6:3, 6:2).

Во третото коло Митевска ќе се соочи со Емесе Серкади од Унгарија, додека противник на Алексовски ќе биде Холанѓанецот Матс Хуте.

Алексеј Стојановски го заврши настапот во сингл-конкуренција по поразот со 0-2 од Томи Лукс од Чешка, а денеска претрпе пораз и во мечот за пласман. Од турнирот е елиминирана и Лина Николовска, која во второто коло загуби од Андреа Папакирјаку од Кипар.

Македонските претставници не успеаја да обезбедат пласман во следната рунда ниту во конкуренција на двојки. Алексовски и Стојановски беа поразени од Колин Ландри и Сем Ван де Лангенберг, додека Митевска и Николовска загубија од Ајше Бол и Танем Јилмаз.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) Младинците подобри од кадетите: Македонија М20 славеше со 34:27 во контролниот натпревар против М18!

Младинската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години (М20) забележа победа во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!