Турнири

„Куклиш 2024“: Дрвош го „здроби“ Нашето Мало, Винарија Здравков со висок триум!

Сподели
Сподели

Вечерва на Новогодишениот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ беа одиграни два натпревари во сениорска конкуренција и меч во јуниорска конкуренција.

Во првиот меч во сениорска конкуренција тимот на Дрвош со превисоки 8:0 го декласираше Нашето Мало, откако противникот беше инфериорен на теренот и немаше сили и капацитет да парира и да го запре налетото на пресилниот Дрвош.

Александар Коцев одново беше расположен за голови, откако постигна хет-трик, а хет-трик имаше и Димитар Ѓогиев, а по еден гол постигнаа Ѓорги Трајков и Стојанче Николов.

На вториот меч екипата на Винарија Здравко со 9:4 беше пресилна за тимот на Чореви Транс. Кај победничката екипа најдобар стрелец со четири погодоци беше Наум Блажевски, Васко Глигоров постигна два гола, како и Горан Гоцевски, а Минур Асанов беше стрелец на еден гол. За екипата на Чореви Транс двоен стрелец беше Никола Стајковски, а по еден гол постигнаа Живко Гоцев и Христијан Крстев.

Утре ќе биде слободен ден на турнирот, а натпреварите продолжуваат во недела.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските игри во Таранто, Италија, откако на стартот од групната фаза загуби...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!