Македонскиот футсал шампион Проект од Јосифово ги започна подготовките за новата сезона во која тимот на Игор Димов ќе цели кон одбрана на двојната круна и за предизвиците кои ќе бидат во квалификациите за Лигата на шампиони.
Вечерва во Валандово беше означен старт на подготовките, со фокус на настапот во УЕФА Футсал Лигата на шампионите. На прозивката на тренерот Димов се појавија сите повикани фудбалери.
„Овој тим е подготвен да работи, да се жртвува и да се бори за секој следен чекор на европскиот пат. Пред нас се недели исполнети со напорна работа, дисциплина и заедничка верба. Секој тренинг е чекор поблиску до моментот кога повторно ќе го претставуваме македонскиот футсал на најголемата европска сцена“, велат од клубот.
Минатата сезона Проект без ниту еден пораз и без ниту едно реми ја освои шампионската титула по вторпат, а за првпат ја освои и двојната круна, со што тимот од Јосифово ја обедини двојната круна.