Турнири

„Јосифовско лето 2026“ со богати награди: Во тек пријавите за 33. турнир во мал фудбал

Сподели
Сподели

Љубителите на малиот фудбал и годинава ќе имаат можност да бидат дел од еден од најпознатите турнири во регионот. Од 3 август започнува 33. издание на турнирот во мал фудбал „Јосифовско лето 2026“, кој со години важи за спортски настан што ги обединува екипите и љубителите на фудбалот од целиот регион.

Организаторите и оваа година подготвија атрактивен награден фонд. Победничката екипа ќе освои 200.000 денари, второпласираниот тим ќе добие 100.000 денари, третото место носи 50.000 денари, додека четвртопласираната екипа ќе биде наградена со 20.000 денари.

Покрај екипните награди, ќе бидат прогласени и најдобриот играч и најдобриот голман на турнирот.

Котизацијата за учество во сениорска конкуренција изнесува 3.000 денари, а крајниот рок за пријавување е 1 август 2026 година.

Истата вечер, со почеток во 20:00 часот, во кафе-бар „Проект“ во Јосифово ќе биде одржана и жрепката, на која екипите ќе ги добијат своите противници за турнирот.



За дополнителни информации и пријавување, заинтересираните екипи можат да се јават на телефонскиот број 075 499 834 или да контактираат преку Facebook страницата „Јосифовско лето“.

И годинава, Спортска Мрежа ќе биде медиумски партнер на турнирот, обезбедувајќи комплетно медиумско следење на натпреварите, резултатите и сите најважни случувања од уште едно издание на традиционалниот турнир, кој повеќе од три децении претставува едно од најзначајните спортски случувања во овој дел од Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!