Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со важна победа над Азербејџан го освои третото место во групата

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ја затвори групната фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Во последниот натпревар од групата „А“, избраниците на селекторот Никола Велев го совладаа Азербејџан со 67:57 и со вториот триумф на шампионатот го освоија третото место во групата, кое им носи продолжение на натпреварувањето во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место.

Азербејџан подобро го отвори натпреварот и уште во првата четвртина создаде солидна предност. Нашиот противник ја контролираше играта во воведните десет минути и стигна до највисоки +9 (25:16), резултат со кој беше затворена првата делница.

Во втората четвртина Македонија значително ја подобри играта во одбраната, но нападот сè уште не функционираше во посакуваниот ритам. Нашите кошаркари се доближија на само два поени негатива (25:27), но во завршницата на полувремето останаа без поени од игра, што Азербејџан го искористи за нова серија и замина на одмор со водство од 32:25.

Противникот повторно се одвои на двоцифрена разлика во третата четвртина (43:32), но токму тогаш следуваше најдобриот период во играта на Македонија. Предводени од Марко Луканоски и Коста Ќириловски, нашите младинци ја намалија разликата на 44:47, а потоа и на само два поени (47:49). Пресвртот беше комплетиран со тројката на Сергеј Младеновски за прво водство (50:49), по што Даријан Димовски реализираше за 52:49 и ја заокружи серијата со која Македонија целосно го презеде ритамот на натпреварот.

Самодовербата стекната во завршницата на третата четвртина беше пренесена и во последниот период. Македонија ја контролираше играта, а на средината од четвртата четвртина имаше предност од 63:55, која сигурно ја зачува до конечните 65:55.



Марко Луканоски беше најистакнат во македонскиот состав со „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 14 скока. Коста Ќириловски натпреварот го заврши со 16. поени и шест скока, додека Сергеј Младеновски придонесе со 10 поени, пет скока и пет асистенции.

На Европското првенство следува слободен ден, а од 17 јули започнува елиминациската фаза. Како третопласирана селекција од групата „А“, Македонија ќе ги продолжи настапите во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место, каде ќе се сретне со Грузија, противник од групата „Б“.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз ги заврши квалификациите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!