Ракомет

Пелистер ја задржа Ана Стојчевска – битолчанки продолжуваат да го градат тимот за новата сезона

Сподели
Сподели



Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/27, а раководството на клубот обезбеди уште еден важен потпис. Средниот бек Ана Стојчевска и во новата сезона ќе остане дел од битолскиот состав.

Стојчевска во Пелистер пристигна минатото лето од Младост Ресен и со своите настапи се наметна како една од најважните ракометарки во екипата. Добрите игри беа доволна причина клубот да ја продолжи соработката со ракометарката, која и понатаму ќе биде значаен дел од тимот.

Битолскиот клуб интензивно работи на создавање конкурентен состав, а задржувањето на искусниот среден бек претставува уште еден чекор во остварувањето на амбициите за претстојната сезона.

Иако Пелистер по поразот во баражот од Ѓорче Петров 2 остана без место во Супер лигата и формално испадна во Првата лига, во Битола сè уште постои надеж дека тимот повторно ќе биде дел од елитното натпреварување. Откажувањето на штипски Астибо отвори можност Пелистер да добие место во Супер лигата, па клубот со внимание ги следи случувањата и паралелно го подготвува тимот за сите можни сценарија.

Со задржувањето на Ана Стојчевска, Пелистер испраќа јасна порака дека без разлика во кое натпреварување ќе настапува, целта е да располага со квалитетен и конкурентен состав кој ќе може да одговори на сите предизвици во новата сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!