Втора лигаФудбал

Второлигашот Камјани се засили со искусниот Енис Дервиши

Сподели
Сподели



Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани продолжува да се засилува за новата сезона која стартува на 15 август.

Најново име кое дебитантот го обезбеди и искусниот Енис Дервиши кој доаѓа од редовите на прволигашот Шкендија Арачиново. Станува збор за фудбалер кој речици една деценија е активен во фудбалот и со себе носи огромно искуство и квалитет.

28-годишниот Дервиши низ неговата кариера покрај за тимот од Арачиново настапуваше и за Тетекс, Гостивар, Воска Спорт, Работнички и тетовска Шкендија.

Зад себе Дервиши има големи резултати – вицешампион со Воска Спорт во Втора лига, шампион со Гостивар, а минатата сезона стана шампион со Шкендија Арачиново и го постигна победничкиот гол за историски влез на тимот од Арачиново во Прва лига.

Камјани сезоната во Втората лига ја отвара против Пелистер во Битола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!