Втора лигаФудбал

Спортска Мрежа најави – Охрид го потврди трансферот: Валентин Кочоски е ново големо засилување на „рибарите“

Сподели
Сподели



Спортска Мрежа повторно беше во право. Трансферот на Валентин Кочоски во редовите на второлигашот Охрид, кој ексклузивно го најавивме пред неколку дена, денеска доби и официјална потврда од клубот.

Охрид продолжува да гради сериозен и конкурентен ростер со кој ќе атакува на пласман во Првата македонска фудбалска лига, а 29-годишниот Валентин Кочоски претставува уште едно големо засилување за составот предводен од Ромео Кочоски.

Офанзивниот играч за врска пристигнува од редовите на Струга Трим Лум, а зад себе има богата прволигашка кариера со повеќе од 180 настапи во Првата македонска фудбалска лига. Во текот на својата кариера ги бранеше боите на Академија Пандев, Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Воска Спорт и Силекс, а беше дел и од шампионската генерација на Струга Трим Лум. Покрај големото искуство, Кочоски зад себе има и значителен број голови и асистенции, а е и поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Од клубот со официјална објава му посакаа добредојде на новото засилување.

„ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА, ВАЛЕНТИН! ГФК Охрид Лихнидос со големо задоволство го претставува своето ново засилување – Валентин Кочоски. 29-годишниот офанзивен играч за врска зад себе има богато искуство на македонската прволигашка сцена, со над 180 настапи во Првата македонска фудбалска лига, настапувајќи за екипите на Академија Пандев, Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Воска Спорт и Силекс. Во својата кариера има постигнато и значителен број голови и асистенции, а беше дел и од шампионската генерација на Струга Трим Лум. Кочоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија и фудбалер кој со своето искуство, квалитет и професионален однос ќе претставува големо засилување за нашиот тим во новата сезона. Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заедно да оствариме многу победи и радости во сино-белиот дрес. Добредојде во ГФК Охрид Лихнидос, Валентин!“

Како што претходно објави Спортска Мрежа, Охрид ова лето сериозно се засилува со јасна цел – враќање во Првата македонска фудбалска лига. Поради новиот систем на натпреварување, првите две екипи директно ќе обезбедат пласман во елитата, додека третопласираниот тим ќе игра бараж, што дополнително ги зголемува амбициите на „рибарите“.

Екипата моментално се наоѓа во карантин во хотел „Десарет“ во Пештани, подготовките ги реализира на СРЦ „Билјанини Извори“, а во наредниот период ќе одигра и неколку контролни натпревари пред стартот на сезоната.

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига започнува на 15 август, а Охрид во првото коло на домашен терен ќе го пречека составот на Новаци.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!