Втора лигаФудбал

Големо засилување за Охрид: Валентин Кочоски во дресот на „рибарите“

Сподели
Сподели

Второлигашот Охрид е решен да гради квалитетен тим со кој одново ќе конкурира за пласман во Првата македонска фудбалска лига, а со оглед на тоа што првите две екипи директно обезбедуваат место во Прва лига, а третиот игра бараж, веќе сериозно се вложува во ростерот, бидејќи шансите за пласман во Прва лига се поголеми од минатата сезона, токму од оваа причина.

Спортска Мрежа како што претходно најавуваше дека „рибарите“ ќе градат конкурентен тим за првите две позиции, тоа и се потврдува.

Валентин Кочоски го облекува дресот на „рибарите“, по разделбата со прволигашот Струга Трим Лум, Кочоски доаѓа во тимот на Охрид.

29-годишникот покрај за Струга Трим Лум настапуваше и за Силекс, Воска Спорт, Пелистер, Шкупи, Беласица, Хоризонт Турново и Академија Пандев.

Кочоски е и поранешен репрезентативец на Македонија и носи големо искуство во редовите на Охрид.



Според информациите на Спортска Мрежа во следните денови ќе следуваат уште засилувања во таборот на „рибарите“, за што се потврдуваат сите наши најави.

Тимот е во карантин, сместен во хотел „Десарет“ во Пештани, се тренира на СРЦ „Билјанини Извори“, а во следниот период ќе бидат одиграни и пријателски натпревари, со што младиот стратег Ромео Кочоски ќе има јасна слика како оди подигањето на формата.

Инаку, новата сезона во Втора лига стартува на 15 август, а во рамки на воведното коло Охрид на домашен терен ќе се соочи со Новаци.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!