Втора лигаФудбал

Кожуф врати проверен голгетер: Сашо Дуков повторно ќе го предводи нападот на гевгелискиот второлигаш

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели



Второлигашот Кожуф продолжува да го засилува играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување е искусниот напаѓач Сашо Дуков, кој по една сезона повторно се враќа во таборот на гевгелискиот клуб.

Триесет и едногодишниот голгетер минатата сезона го носеше дресот на Детонит Плачковица, каде беше прв стрелец на радовишкиот состав со 14 постигнати голови и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на тимот.

Дуков веќе добро ја познава средината во Гевгелија, бидејќи дресот на Кожув го носеше шест месеци, во периодот од јануари до јули 2025 година, пред да направи трансфер во Детонит Плачковица. Сега повторно се враќа во второлигашот со цел да биде еден од главните адути во нападот.

Искусниот фудбалер со години важи за еден од најдобрите стрелци во Втората македонска фудбалска лига. Пред настапот за Детонит Плачковица беше најдобар стрелец на Кожуф, а претходно со своите голови му помогна и на тимот на Каменица Саса да обезбеди опстанок. Пред две сезони постигна вкупно 14 голови, настапувајќи во есенскиот дел за Охрид, а во пролетниот за Кожуф.

Во својата богата кариера Дуков настапуваше и за Силекс, Пелистер, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, Напредок од Кичево, Охрид и Каменица Саса, а има и интернационално искуство стекнато во Србија.

Со враќањето на искусниот голгетер, Кожув добива проверен напаѓач и значително засилување во офанзивниот дел од тимот, во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

ФудбалФутсал

Форца со шест гола го декласираше Бутел, Јасир Зекири со хет-трик

Поранешниот шампион Форца стигна до лесна и висока победа откако во гости...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!