Втора лигаФудбал

ФОТО: Ѓорѓе Стојчев прозиваше – Брера Струмица ги започна подготовките

Сподели
Сподели

Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Ѓорѓе Стојчев ја имаше првата прозивка.

Тимот се собра на теренот во вештачка трева во Струмица и го одработи првиот тренинг. На првиот тренинг се појавија сите фудбалери на кои стратегот Стојчев ќе смета во подготвителниот период но и за наредната сезона.

Брера ќе се подготвува во Струмица, планирани се шест пријателски натпревари низ кои ќе се проверува формата.

Во стручниот штаб влегува и Христо Бикоски, прилепчанецот ќе работи како кондиционен тренер во стручниот штаб предводен од Стојчев.

Во првото коло екипата на Брера Струмица ќе се соочи со Еуромилк ГЛ на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мислими: Мора да го заборавиме поразот од Брегалница и да се фокусираме на Башкими!

Поразот од Брегалница во последните моменти од натпреварот остави горчлив вкус во...

Прва лигаФудбал

Саити: Дојде моментот Башкими да се врати на победите!

Кумановскиот прволигаш Башкими се наоѓа во резултатска криза, откако на последните три...

Прва лигаФудбал

Шкемби: Не очекува тежок натпревар, но сакаме три бода!

Тренерот на Струга Трим Лум, Бледи Шкемби, го најави претстојното дерби против...

Прва лигаФудбал

Јанкулов: Атмосферата е одлична, одиме на три бода против Струга!

Актуелниот шампион Вардар денеска на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!