Втора лигаФудбал

БОМБА ВО ОХРИД: Горан Силјановски – Шаро за „рибарите“ – се гради тим за Прва лига!

Сподели
Сподели

ГФК Охрид Лихнидос продолжува да го засилува играчкиот кадар со јасна цел – враќање во Првата македонска фудбалска лига. Ново големо засилување на охридскиот второлигаш е искусниот десен бек и поранешен македонски репрезентативец Горан Силјановски – Шаро.

36-годишниот Силјановски пристигнува од редовите на Брегалница, со која минатата сезона ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди пласман во фудбалската елита. Неговото богато искуство се очекува да биде од големо значење за Охрид, кој ова лето гради сериозен ростер и јасно ги истакнува амбициите за влез во Првата лига.

Силјановски зад себе има импресивна кариера со повеќе од 400 сениорски настапи, од кои над 300 во Првата македонска фудбалска лига. Во текот на кариерата ги носеше дресовите на Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница и Беса, додека интернационална кариера градеше во Албанија, каде настапуваше за Динамо Тирана и Фламуртари. Воедно, тој е и поранешен македонски репрезентативец.



Во својата богата кариера Силјановски има освоено титула шампион на Македонија, како и три трофеи во Купот на Македонија, што го вбројува меѓу најискусните и најтрофејни домашни фудбалери.

Од охридскиот клуб му посакаа топло добредојде:

„Добредојде, Горан Силјановски – Шаро! ГФК Охрид Лихнидос со големо задоволство го претставува нашето најново засилување – искусниот десен бек Горан Силјановски – Шаро. Силјановски зад себе има богата и успешна кариера, со над 400 сениорски настапи, од кои повеќе од 300 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Во својата кариера настапувал за Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница, Беса, како и за албанските Фламуртари и Динамо Тирана. Исто така е поранешен македонски репрезентативец со настапи за сениорската репрезентација. Освојувач е на титулата шампион на Македонија, како и три Купа на Македонија, што го прави едно од најискусните имиња во домашниот фудбал. Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заеднички победи во сино-белиот дрес.“

Охрид претходно, како што ексклузивно објави Спортска Мрежа, ги обезбеди потписите и на Дамјан Масевски, кој исто така пристигна од Брегалница, како и Валентин Кочоски од Струга Трим Лум. Со ваквите засилувања, охриѓани испраќаат јасна порака дека сезонава ќе атакуваат на пласман во Првата македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!