Втора лигаФудбал

Второлигашот Новаци закажа четири пријателски натпревари

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Второлигашот Новаци ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига, а стручниот штаб веќе го договори планот на контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата на екипата.

Избраниците на шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски ќе имаат четири тест-средби во подготвителниот период, со цел тимот што подобро да се подготви за предизвиците во новиот шампионат.

Првиот контролен натпревар Новаци ќе го одигра на 18 јули против Охрид, додека една недела подоцна, на 25 јули, следува дуел против Кожуф од Гевгелија.

На 31 јули е закажан натпревар против младинскиот состав на Пелистер, а генералната проба пред почетокот на сезоната ќе биде на 8 август против градскиот ривал Пелистер.

Преку овие проверки тренерот Варадиновски ќе има можност да ја анализира формата на фудбалерите, да ги уигра линиите во тимот и да го подготви составот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, која започнува на 15 август.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!