Турнири

ФОТО: АСП Пак лесно до финале, дебакл на Др. Баткоски по високиот пораз од Хотел и Спа Инекс Олгица на „Петровден 2026“

Сподели
Сподели



Вечерва беа одиграни полуфинални мечеви по кои се познати екипите кои ќе настапат во големото финале на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, како и екипите кои ќе се борат за освојување на третото место.

АСП Пак со триумф од 3:1 над Златара Бени Ерол обезбеди место во големото финале. Резултатот го отвори искусниот Мишо Ѓорѓески по само пет минути игра, а противникот успеа преку Сундим Фејза во 13. минута да погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел имаше голема неизвесност и борба на теренот, а мечот го реши Стефан Петрушески со два гола во 32. и 35. минута за конечни 3:1.

Во вториот меч Хотел и Спа Инекс Олгица го торпедираше составот на Др. Баткоски, особено во последните седум минути кога беше скршен отпорот на „стоматолозите“.

Александар Ѓорѓиески доминираше на овој меч со хет-трик, а по еден гол постигнаа Енгин Реџепи и Оливер Дишилиески.

Ѓорѓиески во 18. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел дури во 33. минута погоди Енгин Реџеп за двојна предност, а потоа во 34. минута Ѓорѓиески со втор гол и погодокот на Оливер Дишлиески резултатот беше 4:0. Во 37. минута Ѓорѓиески комплетираше хет-трик за конечни 5:0.

Во големото финале ќе се соочат две охридски екипи – Хотел и Спа Инекс Олгица ќе го предизвикува АСП Пак, а пак Златара Бени Ерол против Др. Баткоски во битка за третото место.



Утре ќе биде слободен ден на турнирот, а последниот натпреварувачки ден ќе биде во недела.

Програмата за финалниот ден нуди два атрактивни натпревари. Од 21 часот се игра натпреварот за трето место меѓу Златара Бени Ерол и Др. Баткоски.

\

Во 22:30 часот ќе биде супер-дерби пресметката меѓу АСП Пак и Хотел и Спа Инекс Олгица.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој го има своето 51. издание.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!