Ракомет

Финансиските предизвици го враќаат Астибо во Првата лига, Штип останува без женски суперлигаш

Сподели
Сподели



Женскиот ракометен клуб Астибо најверојатно нема да настапува во Супер женската лига во сезоната 2026/27, иако минатата сезона на терен го обезбеди опстанокот во елитното друштво. Според информациите, штипскиот клуб ќе се пријави за настап во Првата лига, а главната причина за ваквата одлука се финансиските можности.

Од клубот сметаат дека трошоците за настап во најсилната конкуренција се преголеми во однос на актуелниот буџет, поради што фокусот ќе биде ставен на развојот на младите ракометарки. Во новата сезона се очекува Астибо да настапува претежно со пионерскиот состав, кој во изминатиот период покажа дека располага со голем потенцијал.

Со евентуалното повлекување од Супер лигата, Штип ќе остане без женски суперлигашки ракомет, иако Астибо зад себе има успешна сезона во која со победата во Битола го обезбеди опстанокот во елитата.

Клубот во изминатите години беше препознатлив по добрите резултати, а една од најистакнатите ракометарки беше Марија Анчева, која важи за еден од најдобрите стрелци во Македонија и на Балканот. Таа во иднина ќе биде посветена на тренерската работа со пионерската екипа, која веќе бележи значителен напредок и настапи на завршниот турнир, што претставува потврда за квалитетот на младите генерации во клубот.

Астибо во изминатиот период беше една од позитивните приказни во македонскиот женски ракомет, а тимот имаше силна поддршка од штипската публика.

Доколку одлуката биде и официјално потврдена, Астибо следната сезона ќе настапува во Првата женска лига со значително подмладен состав и јасна цел – развој на домашни ракометарки, стабилизација на клубот и создавање основа за идно враќање во Супер лигата.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!