Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ беа одиграни три натпревари. Во сениорска конкуренција се одигра мечот кој во целост му припадна на Фенербахче откако со 4:1 го доби Злеово за пласман во четвртфиналето.
Во пионерска конкуренција Пекара Лукас Трејд не виде мака и лесно со 6:0 го доби составот на Серта Конче.
Во женска конкуренција екипата на ЖФК Изведен Ораовица со 3:1 славеше над ЖФК Серта Конче.
Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“.