КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Машката јуниорска репрезентација на Македонија со победа над Косово

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката јуниорска репрезентација на Македонија со победа ги започна контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни обврски. Во првиот тест, одигран во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ја совладаа селекцијата на Косово, иако по првата четвртина имаа негатива од 20 поени.

Гостите отворија одлично и по десет минути игра поведоа со убедливи 34:14. Нашата репрезентација постепено го подигна нивото на играта, па до заминувањето на полувреме ја преполови негативата и намали на 43:54.

Македонските јуниори продолжија во ист ритам и во второто полувреме. Со цврста одбрана и подобра реализација во нападот, до крајот на третата четвртина успеаја целосно да ја анулираат предноста на противникот, кој по 30 минути игра беше израмнет – 70:70.

Пресвртот беше комплетиран во 33. минута, кога Македонија првпат дојде во водство (76:73). Во завршницата нашата селекција имаше и пет поени предност (87:82), а иако Косово се доближи во последните моменти од натпреварот, не успеа да го избегне поразот. Гостите имаа две можности за израмнување во последните 24 секунди, но македонските кошаркари ја сочуваа предноста и заслужено стигнаа до победата.

Во првиот контролен натпревар од подготовките, селекторот Тодоровиќ им даде шанса за настап на вкупно 15 кошаркари.

Најефикасен во редовите на Македонија беше Цветковски со 18 поени. Данев реализираше 12, а Малиниќ натпреварот го заврши со 10 поени.

Подготовките продолжуваат во наредниот период со нови контролни натпревари, кои македонската јуниорска репрезентација ќе ги одигра на гостински терен во Бугарија.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел...

Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кадетите ги започнаа подготовките за Европското првенство во Гевгелија и Скопје

Машката репрезентација на Македонија до 16 години ги стартуваше подготовките за Европското...

Кошарка

МЗТ Скопје се враќа во Европа по две и пол децении, „сино-белите“ ќе играат во ФИБА Еврокупот

Нови предизвици, нови европски возбудувања и големо враќање на меѓународната сцена за...

Кошарка

Лука Стојановски повторно во сино-белиот дрес, МЗТ Скопје го промовираше првото летно засилување

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го започна формирањето на тимот за новата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Женската репрезентација У18 ги стартуваше подготовките за ЕП во Тулчеа

Женската јуниорска репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за Европското првенство од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!