Прва женска фудбалска лигаФудбал

Блаже Петковски главен во Струмица, Боби Величков ќе го суди дербито меѓу Истатов и Каменица Саса

Сподели
Сподели

Утре ќе бидат одиграни четири од пет натпревари од 5. коло на Првата женска фудбалска лига, мечот меѓу Ас Јунајтед и Пелистер е одложен за 17 септември.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на утрешните четири натпревари.

Во Струмица ќе се игра мечот меѓу Тиверија Брера и Кочани, каде Блаже Петковски ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Кирил Манчев и Стефан Митров, а пак контролор ќе биде Зоран Стефанов.

Александар Василевски ќе им суди на Речица и Љуботен, а негови помошници ќе бидат Мартин Дејаноски и Петар Арсовски, додека пак Дејан Неделкоски ќе биде контролор.

Вјолца Изеири ќе им суди на Вардар и шампионот Скопје, а помошници на „Цементарница“ ќе бидат Даниел Василевски и Александар Николоски, додека пак Горан Манасиев ќе биде контролор.



Боби Величков ќе го суди дербито на колото кое се игра на Пржино меѓу Истатов и Каменица Саса. Негови асистенти ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров, а пак контролор ќе биде Иса Емурли.

Сите средби стартуваат во ист термин односно во 16:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!