Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски клуб ја продолжи соработката со уште три фудбалери.
И во новата сезона дресот на Ржаничино ќе го носат Петре Тасевски, Симеон Здравковски и Халил Калач.
Претходно како што објави Спортска Мрежа, клубот кој ќе се натпреварува во Трета лига Регион 1 ја продолжи соработката со Огнен Здравковски и Иван Мицевски, а се засили со Стефан Богдановски.