Турнири

Драма до последен здив: АСП Пак по пенали, Охридски Бисер Филеви по луд пресврт, Др. Баткоски сигурно до четвртфинале!

Сподели
Сподели



Возбудливи и драматични осминафинални пресметки на турнирот „Петровден 2026“ во Мешеишта, уште три екипи обезбедија „виза“ за влез во четвртфиналната фаза.

Драматичен меч одиграа АСП Пак и Кафе Бар Коко откако се покажаа пеналите кобни за играчите на „Коко“ и ги завршија настапите во Мешеишта.

Регуларниот дел понуди одличен меч за верната публика, Мишо Ѓорѓиески во 9. минута го отвори мечот за водство на АСП Пак од 1:0, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел одново искусниот Ѓорѓиески беше пресуден кој погоди по вторпат за двојна предност во 30. минута од средбата, но само една минута неговиот тим си постигна автогол за 2:1 и со тоа се врати неизвесноста околу пласманот во следната фаза.

Во 38. минута Ване Никодиноски успеа да го шокира противникот за конечни 2:2 во регуларниот дел во самиот финиш за ерупција на трибините во Мешеишта.

Пенал серијата беше повеќе од фантастична. За екипата на АСП Пак стрелаа Никола Угриноски, Кипријан Петрески, Шенол Меди, Дејан Милошески и одново Угриноски и Петрески, а пак за Кафе Бар Коко стрелаа Александар Бакулески, Албнор Каба, Ване Никодиноски и пак Абазоски и Бакулески.

Каков меч одигра Охридски Бисер Филеви – публиката беше сведок на неверојатен пресврт и шок за Нова Пор по водство од два гола за три минути прими три гола и го загуби мечот со 3:2, па така „бисерите“ патуваат во четвртфиналето, а пак Нова-пор ги „пакува куферите“ за дома.



По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме Андреј Тулески во 22. минута погоди за водство на Нова-пор од 0:1, а во 35. минута Хадис Парталко ја дуплираше предност. Иако, многумина на трибините во Мешеишта мислеа дека мечот е решен, сепак се случи неверојатно чудо на теренот.

Во 37. минута екипата на Нова-пор си постигна автогол, а веќе во 38. минута Давид Лиотоски погоди за 2:2, на помалку од 60 секунди до крајот Христијан Маркоски успеа да го пронајде патот до мрежата и постигна гол за ерупција, славје и победа на Охридски Бисер Филеви од конечни 3:2 и пласман во четвртфиналето.

Вистински шок и неверување беше елиминацијата на Нова-пор.

Екипата на Др. Баткоски со сигурни 3:1 обезбеди пласман во четвртифналето исфрлајќи го Оровник од игра за следна фаза.

„Стоматолозите“ на полувреме имаа предност од два погодоци преку Филип Баткоски кој во 14. минута го отвори резултатот, а три минути подоцна Фоне Мурџески погоди за двојна предност на пауза.



Во вториот дел Мартин Ашталкоски во 25. минута погоди за 2:1 и ја врати неизвесноста до 38. минута кога Никола Шекуткоски погоди за конечни 3:1.

Тоа значи дека вечерва екипите на АСП Пак, Охридски Бисер Филеви и Др. Баткоски обезбедија четвртфинале, откако вчера тоа им успеа на Аце Најдески и Хотел и Спа Инекс Олгица.

Утре се играат три натпревари. Во 20:30 часот Гранит Х оди на мегдан против Златар Бени Ерол. Еден час подоцна Сатеска ќе го предизвикува тимот на Гостилница кај Мече, а пак во 22:30 стартува пресметката меѓу Чардак Велгошти и Етно ресторан Дедо Димо.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“, а годинава турнирот во Мешеишта го има своето 51. издание.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!