Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш утре го има првиот предизвик во Турција – ривал е рускиот суперлигаш Балтика

Сподели
Сподели



Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот период ќе одигра повеќе контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона.

Првата проверка за кавадаречкиот прволигаш е закажана за утре, кога силите ќе ги одмери со ФК Балтика, клуб кој се натпреварува во руската Суперлига.

Од клубот информираат дека натпреварот ќе започне во 17:00 часот по македонско време, односно во 18:00 часот по локално време во Турција.

Дуелот со Балтика ќе биде почеток на серијата пријателски натпревари што Тиквеш ќе ги одигра за време на подготовките, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата на екипата во пресрет на новата сезона.

Прволигашот од Кавадарци новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја отвара против Тиквеш на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!