Втора лигаФудбал

Пелистер се раздели со шестмина фудбалери, клубот испрати емотивна порака: Пелистер засекогаш останува ваш дом

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели



Пелистер продолжува со промените во играчкиот кадар пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Битолскиот клуб официјално потврди дека по истекот на договорите завршува соработката со шестмина фудбалери.

Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.

Во своето обраќање, клубот им се заблагодари на сите шестмина за нивниот придонес и им посака успех во понатамошната кариера.

„Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим. Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со својата работа, карактер и борбеност, секој од нив остави свој белег во зелено-белиот дрес и беше дел од приказната на Пелистер. ФК Пелистер им посакува многу здравје, среќа и успех во понатамошниот тек од нивните кариери, како на професионален, така и на личен план. Вратите на Пелистер секогаш ќе останат отворени за вас, бидејќи еднаш кога ќе станете дел од нашето зелено-бело семејство, Пелистер засекогаш останува ваш дом. Ви благодариме за сè и ви посакуваме многу среќа во новите предизвици“, велат од ФК Пелистер.

Во меѓувреме, клубот ги продолжува подготовките за новата сезона, во која ќе се натпреварува во Втората лига. Пелистер првенството ќе го отвори на домашен терен, каде во првото коло ќе го пречека дебитантот Камјани, со јасна цел успешен старт во обидот за експресно враќање во прволигашкото друштво.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!