РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Атанасов: Ќе го дадеме максимумот против Босна и Херцеговина

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Нашите репрезентативци потенцираат дека, и покрај тоа што станува збор за пријателски натпревар, пристапот и мотивот остануваат на највисоко ниво кога се носи дресот на Македонија.

„Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски натпревари. Тука сме да го дадеме максимумот и да покажеме дека заслужено го носиме македонскиот дрес“, истакна македонскиот репрезентативец Јани Атанасов.

Фудбалерот од средниот ред на грчка Лариса вели дека и новите имиња во тимот имаат квалитет и потенцијал да придонесат добри резултати за селекцијата.

„Верувам дека селекторот ги избрал вистинските фудбалери. И ние пред неколку години дојдовме како нови играчи, дадовме сè од себе и се надевам дека сите заедно ќе продолжиме да туркаме кон големи успеси. Босна и Херцеговина покажа квалитет и одигра одлични квалификации. Станува збор за силна и квалитетна репрезентација, но ние одиме да се надигруваме и да се подготвиме за победа”, порача Атанасов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Нов бронзен медал за Дејан Ѓорѓиевски и важни бодови за олимписки игри

Македонскиот таеквондист Дејан Ѓорѓиевски освои бронзен медал на Европското клупско првенство кое се одржа во Босна и Херцеговина, притоа освојувајќи и нови вредни...

Останати репрезентацииРепрезентација

Мелиса Димитриоски со нов рекорд на 100 метри, Стојоски со нов рекорд на 400 метри со пречки

Македонскиот атлетски репрезентативец Јован Стојоски продолжува да испишува историја во македонската атлетика. На Балканското првенство за сениори кое се одржува во Волос, Грција,...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Нов бронзен медал за Дејан Ѓорѓиевски и важни бодови за олимписки игри

Македонскиот таеквондист Дејан Ѓорѓиевски освои бронзен медал на Европското клупско првенство кое...

Останати репрезентацииРепрезентација

Мелиса Димитриоски со нов рекорд на 100 метри, Стојоски со нов рекорд на 400 метри со пречки

Македонскиот атлетски репрезентативец Јован Стојоски продолжува да испишува историја во македонската атлетика....

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Порази за машката и женската У17 кошаркарска репрезентација на турнирот во Букурешт

Македонските кошаркарски репрезентации до 17 години забележаа два порази на вториот ден...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркари подготвени за првиот тест против Бугарија

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА прозорец од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!