Турнири

Во тек се пријавите за меморијалниот турнир „Крсте Велјанов 2026“ во Неготино

Сподели
Сподели



Во тек е пријавувањето за традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Крсте Велјанов 2026“, кој и ова лето ќе се одржи на вештачкото игралиште Саат Кула, во Неготино.

Турнирот официјално стартува на 5 јуни, додека ждрепката за натпреварувањето е закажана за 4 јуни. Натпреварите ќе се играат според футсал правила во формат 4+1, а организаторите најавуваат уште едно квалитетно и возбудливо издание со голем број екипи и одлична атмосфера.

За најдобрите екипи обезбедени се вредни парични награди. Победникот ќе освои 80.000 денари, второто место носи 40.000 денари, третопласираната екипа ќе добие 20.000 денари, додека за четвртото место следуваат 10.000 денари.

Ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман на турнирот.

Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари, а сите заинтересирани екипи можат да се пријават на телефонскиот број 075 207 240 кај Бојан.

Спортска Мрежа, како и во претходните години, така и годинава медиумски ќе го поддржи меморијалниот турнир „Крсте Велјанов 2026“ и ќе известува за сите случувања, резултати и најинтересни моменти од турнирот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската одбојкарска Прва лига, совладувајќи го Работнички Скопје со 3:2. Рундата одиграна...

Кошарка

Работнички се одвои, средината се згусна: Што донесе кошаркарската сабота пред двата неделни дуела?

Преглед на одиграниот дел од петтото коло во МТЕЛ Суперлигата. Работнички го продолжи максималниот старт, а победите на Тиквеш и ГКК Штип ја...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!