РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Емини: Ќе дадеме максимум и ќе ги исполниме барањата на стручниот штаб

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојните контролни натпревари против Босна и Херцеговина на 29 мај во Сараево и против Турција на 1 јуни во Истанбул. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски вечерва од 19:00 часот ќе го одржат тренингот во комплетен состав, откако на подготовките ќе им се приклучат Елиф Елмас и Агон Елези.

Фудбалерот на данскиот Сондерјиске, Сефер Емини, е еден од играчите кои со нетрпение го очекуваат својот можен дебитантски настап во дресот на македонската репрезентација.

„Сите сега одат на одмор, а ние сме тука со репрезентацијата и максимално ќе се подготвиме за овие два натпревари. Има многу нови играчи, јас сум еден од нив и сè уште немам деби. Ќе се подготвиме добро. И Босна и Турција ќе играат на Светско првенство, затоа мора многу сериозно да ги сфатиме двата натпревари. Тоа ќе ни биде добра подготовка за периодот што следува. Технички и тактички треба да бидеме дисциплинирани и физички на терен да го исполниме тоа што ќе го бара стручниот штаб. Верувам дека сè ќе биде во ред“, изјави Емини.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!