РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Атанасов: Ќе го дадеме максимумот против Босна и Херцеговина

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Нашите репрезентативци потенцираат дека, и покрај тоа што станува збор за пријателски натпревар, пристапот и мотивот остануваат на највисоко ниво кога се носи дресот на Македонија.

„Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски натпревари. Тука сме да го дадеме максимумот и да покажеме дека заслужено го носиме македонскиот дрес“, истакна македонскиот репрезентативец Јани Атанасов.

Фудбалерот од средниот ред на грчка Лариса вели дека и новите имиња во тимот имаат квалитет и потенцијал да придонесат добри резултати за селекцијата.

„Верувам дека селекторот ги избрал вистинските фудбалери. И ние пред неколку години дојдовме како нови играчи, дадовме сè од себе и се надевам дека сите заедно ќе продолжиме да туркаме кон големи успеси. Босна и Херцеговина покажа квалитет и одигра одлични квалификации. Станува збор за силна и квалитетна репрезентација, но ние одиме да се надигруваме и да се подготвиме за победа”, порача Атанасов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Работнички се одвои, средината се згусна: Што донесе кошаркарската сабота пред двата неделни дуела?

Преглед на одиграниот дел од петтото коло во МТЕЛ Суперлигата. Работнички го продолжи максималниот старт, а победите на Тиквеш и ГКК Штип ја...

Ракомет

Пролет ја доби драмата и славеше над Драчево Јуниор, Аеродром славеше со 20 гола разлика над Сокол Саса, убедлива победа за Овче Поле

Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!