Вечерва беше комплетирана нокаут фазата на турнирот во мал фудбал “Враништа 2026” со последните четири мечеви.
На првата средба екипата на Викса Пром загуби со резултат од 1:2 од Чикос Алегрес.
Во вториот меч тимот на ТОМ-ГОР ја загуби голеадата со Охридски бисер Филеви, откако претрпе пораз од 2:3.
Во третот меч Кафе бар 9 забележа убедлива победа од 3:0 над Гранит Х.
Во претпоследниот меч за оваа вечер екипата на Аце Најдески со тесни 2:1 го доби Јован 2014.
Во мечот со кој се затвори вечерта Чардак Велгошти со убедливи 5:2 славеше над Ескобар Волино.
После одигрувањето на нокаут фазата, ќе се формираат четири групи по три екипи. Двете прво пласирани екипи во група продолжуваат во 1/4 финале. Ждрепките за групите ќе се одржат веднаш после последниот натпревар од нокаут фазата.
Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал во Враништа.