Останато

Македонските таеквондисти блеснаа во Италија: Златен успех на „Barletta Challenge 2026“

Сподели
Сподели

Македонското знаме гордо се вееше во Барлета, Италија, каде натпреварувачите на Македонска Традиционална Таеквон-До Федерација приредија вистинска спортска експлозија и испратија моќна порака до европската конкуренција — Македонија создава шампиони!

На престижниот меѓународен турнир “Barletta Challenge 2026”, каде учествуваа над 300 натпреварувачи од 9 земји од Европа, Македонија, Србија, БиХ, Грција, Италија, Шпанија, Норвешка, Молдавија и Словачка. Македонската Традиционлна Таеквон-до Федерација учествуваше со 5 натпреварувачи во две дисциплини спаринг и форми.

Нашите натпреварувачи доминираа со неверојатен биланс од пет златни, два сребрени и еден бронзен медал, претворајќи го турнирот во вистинска демонстрација на квалитет, дисциплина и шампионски карактер закитувајќи се сите со златен медал.



Она што посебно го прави овој успех историски е фактот што за првпат златните медали се побројни од сребрените и бронзените заедно — симбол на новата победничка ера на македонското традиционално таеквон-до!

  • ТК ХВА РАНГ ИТФ — ФАБРИКА ЗА ШАМПИОНИ

Клубот од Лескоец уште еднаш покажа дека е еден од двигателите на македонското таеквон-до, освојувајќи вкупно 6 медали и доминирајќи во повеќе категории.



Анастасија Чулческа

🥇 ЗЛАТО — спаринг борби младинки У-18 (-60 кг)
🥈 СРЕБРО — форми плав појас младинки У-18

Теодора Тодороска

🥇 ЗЛАТО — спаринг борби јуниорки (-60 кг)
🥈 СРЕБРО — форми зелен појас јуниорки



Миа Танеска

🥇 ЗЛАТО — форми црвен појас кадетки
🥉 БРОНЗА — спаринг борби кадетки (+50 кг)

  • ТК МАСТЕР — ОХРИДСКИТЕ БОРЦИ СО ШАМПИОНСКИ ПЕЧАТ

Даниел Стојаноски

🥇 ЗЛАТО — спаринг борби кадети (-40 кг)

Анастасија Ристеска

🥇 ЗЛАТО — спаринг борби јуниорки (+64 кг)

Секој настап, секоја борба и секој освоен поен беа резултат на огромна работа, дисциплина и посветеност. Македонските натпреварувачи покажаа храброст, техничка супериорност и победнички менталитет достоен за најголемите европски сцени.

Голема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и Министерство за спорт, чија поддршка е значаен дел од овој голем успех.

Европа доби јасна порака — македонското традиционално таеквон-до чекори кон уште поголеми победи!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

Поврзани написи
Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот...

Останато

Милијана Рељиќ со бронза на Албанија Г1 Опен во Тирана, нови бодови за светската ранг-листа

Најдобрата македонска таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г1 Опен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!