МЗТ Скопје Аеродром повторно се искачи на тронот на македонската кошарка, откако „сино-белите“ со максимални 3-0 во финалната серија против Маџари ја освоија 13-тата шампионска титула во својата историја.
Во третиот натпревар од финалето, одигран во салата „Наум Наумовски-Борче“, аеродромци славеа со 80-74 и уште еднаш потврдија дека се најквалитетниот тим сезонава во „МТЕЛ“ Супер лигата.
Маџари одлично го отвори натпреварот и во првата четвртина имаше предност од 26-19, но актуелниот шампион постепено ја презеде контролата врз играта. Клучниот момент се случи во втората четвртина кога по тројката на Војдан Стојановски, МЗТ Скопје го презеде водството и до крајот не го испушти.
Во неизвесното второ полувреме, Маџари успеа да се врати и да израмни на 64-64, но кога беше најпотребно, капитенот Војдан Стојановски повторно презеде одговорност и со важна тројка го врати моментумот на страната на шампионот. Во самиот финиш МЗТ Скопје одигра сигурно и рутински го приведе мечот кон нов трофеј.
Најефикасен во победничкиот состав беше токму Војдан Стојановски со 17 поени, три скока, три асистенции и три освоени топки. Танасковиќ додаде 16 поени, додека Смит Мексвејн натпреварот го заврши со 13 поени, осум асистенции и шест скока.
Кај Маџари, Хот имаше импресивен дабл-дабл ефект од 20 поени и 18 скока, додека Армстронг постигна 19 поени.
По завршувањето на финалната серија, признанието за МВП сосема заслужено му припадна на Војдан Стојановски. Легендарниот македонски кошаркар уште еднаш покажа зошто со години е еден од лидерите на македонската кошарка и симбол на успесите на МЗТ Скопје Аеродром.
Со новата шампионска титула, МЗТ Скопје продолжува да ја потврдува својата доминација на домашната сцена, додека Војдан Стојановски додаде уште едно големо признание во својата богата и успешна кариера.
Ланскиот суперлигаш Пролет ја доби драмата со Драчево Јуниор во гости откако славеше со 33:34 во мечот од 8. коло на Првата ракометна...
Ракометна мобилизација во Богданци! Младост 1977 денес го пречекува Тиквеш од Кавадарци во натпревар од деветтото коло на македонската ракометна Суперлига, а од...
Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија победничката серија во „Шпаркасе Лајф“ Првата...
Кошаркарите на Тиквеш Голден Игл приредија голем пресврт пред домашната публика во...
Работнички останува без грешка во МТЕЛ Суперлигата. „Црвено-белите“ го совладаа Скопје со...
Кошаркарите на ГКК Штип конечно се израдуваа на првата победа во дебитантската...