Ракомет

Еурофарм Пелистер се засили со босанскиот репрезентативец Омер Мехмедовиќ

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели



Еурофарм Пелистер продолжува со екипирањето за новата сезона, а ново засилување во редовите на битолскиот е босанскиот ракометар Омер Мехмедовиќ.

Станува збор за 26-годишен среден бек, кој потпиша договор на една сезона со опција за продолжување на уште една година со битолскиот клуб.

Мехмедовиќ важи за етаблиран ракометар, кој својата кариера ја започна во Грачаница, по што кратко настапуваше и во австрискиот Барнбах Хофланд. Во Битола пристигнува од словенечкиот клуб Рико Рибница, каде настапуваше во словенечкиот шампионат.

Со ангажманот на Мехмедовиќ, Еурофарм Пелистер добива дополнителен квалитет на бековската позиција, а ова е уште еден ракометар од Босна и Херцеговина кој ќе го носи зелено-белиот дрес, по претходниот потпис со Едвин Џелиловиќ.

Официјалното претставување на новото засилување е закажано на стартот од подготовките за сезоната 2026/27, кога Мехмедовиќ и официјално ќе им се стави на располагање на стручниот штаб на битолскиот состав.

Мехмедовиќ е шестото засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2026/27 по Татар, Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

РФМ воведува нов систем за селекција на пионерите, Матлиески го објави првиот список!

Ракометната федерација на Македонија прави нов чекор во развојот на младинскиот ракомет,...

Ракомет

Алкалоид го декласираше Прилеп со десет гола разлика

Алкалоид без проблеми го доби Прилеп за осми сезонски триумф откако во...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе го судат вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер!

Ракометната федерација на Македонија ја довери судиската одговорност за едно од најголемите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!