Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Истатов со шпалир за новиот шампион Скопје, „истатовки“ го добија пржинското дерби

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Екипата на Истатов на спортски и достоинствен начин го поздрави новиот шампион Скопје, откако пред почетокот на натпреварот приреди шпалир за шампионките во рамки на претпоследното коло од Прва женска фудбалска лига.

По убавиот гест, „истатовки“ одиграа квалитетен натпревар и забележаа победа од 2-1. Домаќинот поведе уште во 15. минута преку Миа Головска, додека Канита Емини пред крајот на првото полувреме зголеми на 2-0.

Во второто полувреме шампионките се обидоа да се вратат резултатски во мечот, а конечните 2-1 беа поставени во 89. минута кога Тамара Атанасовска ја затресе мрежата на Истатов.

ФОТО: Екипата на ЖФК Истатов

Со оваа победа, Истатов ја завршува сезоната на одличното трето место на табелата. Стратегот Кирил Изов во кратка изјава за Спортска Мрежа истакна дека тимот зад себе има успешна сезона и дека сите во клубот се среќни и задоволни од остварениот пласман.

Новиот шампион Скопје, пак, по освоената титула ќе се насочи кон подготовките за квалификациите за Лигата на шампионите.

Во последното коло Истатов ќе игра против Вардар, а пак Скопје ќе ја пречека второпласираната Тиверија Брера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!